Skip to main content

Царинење од аеродром на Ќафасан

Отсега на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, патниците кои ќе пристигнуваат, доколку во себе немаат денари, за да ја платат царината ќе треба да патуваат до Ќафасан.

Zoran Tuntev
Зоран Тунтев

Отсега на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, патниците кои ќе пристигнуваат, доколку во себе немаат денари, за да ја платат царината ќе треба да патуваат до Ќафасан.

аеродромМакедонски пошти  ја превземаа улогата од АМСM, за наплаќање на царинските услуги. До пред неколку години ЈП за аеродромски услуги имаше право  со дозвола на „Народна банка“ да врши менувачки работи. Но сега одеднаш друга фирма, со одлука на Владата на РМ, добива право да ги врши тие менувачки работи на граничните премини. Македонски пошти како избрана фирма, по се изгледа нема намера да отвори шалтер на аеродромот во Охрид. „Тоа само по себе ќе создаде голем проблем на првиот нареден авион. Доколку пристигне патник кој треба да плати царина зацаринска стока. Ако најблиската канцеларија или шалтер за менувачки работи е на граничмиот премин Ќафасан, тогаш ќе треба патникот некако уште невлезен во државата да го изнесеме, да оди до таму за да ја смени валутата, да се врати назад да плати царина што е практично неизводливо. Ниту е изводливо ниту е логично“,
вели Д–р Томислав Тунтев, експерт за воздушен сообраќај.

Заради непречено одвивање на сообраќајот, од охридскиот аеродром апелираат, доколку „Македонски пошти“ не се во можност за извршување на обврските со целсно работно време, барем во најавени термини на воздухоплови, задолжително да имаат свој претставник задолжен за менувачки работи. Ова го бараат поради две причини. „Прво од аспект да не се создаваат тесни грла и гужви токму во тој дел на пристигнување на авионите, што може да ни го попречи понатамошното одвивање на собраќајот и извршувањето на секојдневните активности околу прифаќањето на парниците. Вториот аспект е – нелогично е и нон сенс да не постои шалтер за менувачки работи“.

Тунтев исто така се надева дека одговорните лица од „Македонски пошти“ ќе ја сфатат сериозноста на овој проблем и дека час поскоро ќе остварат контакт со нив. Една од причините зашто „Македонски пошти“, нема да отворат  ваков шалтер, можеби е и  поради малиот обем на сообраќај на Охридскиот аеродром, каде неделно слетуваат само еден до два авиони, како и економската неоправданост.

{loadposition content9}