Skip to main content

Борба против семејното насилство

Црвениот Крст од Охрид во соработка со повеќе институции  и невладини организации од градов со заеднички напори во борба против семејното насилство.

logo
лого
Црвениот Крст од Охрид во соработка со повеќе институции  и невладини организации од градов со заеднички напори во борба против семејното насилство.

aktivistiВо таа насока тие денес потпишаа Меморандум за соработка.

Во рамките на кампањата „Заедно против семејното насилство“, денеска беше потпишан Меморандум за соработка. Преку проектот „Театар Потчинети“ – образовна алатка за промени во однесувањето на Локалната агенција за развој од Струга и потреба за заедничко секторско делување во борбата против семејното насилство во Охрид, институции и индивидуални лица од Охрид, се согласија со денешните цели на меморандумот. Во рамките на оваа борба против семејното насилство, тие денес формираа кординативно тело кое ќе има свои задолженија во периодот кој следи.

Центарот за социјални грижи, образованието, секторот за внатрешни работи, судот, верските заедници, комисијата за еднакви можности при советот на општина Охрид, од една страна како институции, а од друга невладините организации, се тие кои ќе бидат задолжени за спроведување на проектот. Свој уддел и поддршка на проектот, како еден од своите приоритети, дава и Црвениот крст од Охрид.

Идејата е ова координативно тело преку состаноци и средби да направи увид во состојбата, односно кои активности треба да се превземаат. Планирано е да се изготви предлог програма која ќе се достави до комисијата за еднакви можности, која истата ќе ја вклучи во својата годишна програма, а понатаму ќе ја спроведува на локално ниво преку советот на Општина Охрид.

{loadposition content9}