Skip to main content

Геријатрија се забавуваше

Штитениците на геријатриското одделение, при Општа болница Охрид, денеска беа посетени од здружението на пензионери и активистите на Црвениот крст.

gerijatrija
геријатрија
Штитениците на геријатриското одделение, при Општа болница Охрид, денеска беа посетени од здружението на пензионери и активистите на Црвениот крст.

gerijatrijaЧетврта година по ред, продолжува традицијата на посета на лицата на геријатриското одделение, од страна на ЗП и Црвениот крст од Охрид.  27те штитеници на овој оддел добија скромни подароци кои предизвикаа огромно задоволство и причина за пријатни моменти на лицата кои ја изразија својата благодарност. Најстариот член, Г-ѓа Ева Бочева, како и Петар Ристески, еден од ретките мажи на ова одделение, ја изразија својата голема благодарност за пријатните моменти кои им беа подарени.

Здружението на пензионери од Охрид и Дебарца, во рамките на своите програмски активности, ја вметнува и посетата на геријатриското одделение при Медицинскиот центар. За нив овие посети претставуваат задоволство, а не обврска.
„Сметаме дека навистина е задоволство да се посетат овие лица и по тој повод барем еднаш годишно им оддаваме почит. Им ја честитавме новата година и ним и на персонлот кој се грижи за нив“, истакна Ѓорѓи Трпчески, претседател на ЗП за Охрид и Дебарца.

Вработените на геријатриското одделение изразија  благодарност до ЗП бидејќи секоја година ги посетуваат лицата кои престојуват тука. „Тоа сето за нив претставува и изненадување и среќни моменти кои им ја одбележуваат новата година и празниците. Се надевам дека нашата соработка ќе продолжи и понатаму“, рече Севим Селим, началник на геријатриско одделение.

Секако во рамки на оваа акција, како и годините наназад свое учество зеде и Црвениот крст од Охрид.
Тие истакнаа дека повеќе пати во годината изнаоѓаат причини за дружење со овие лица и секоја средба за нив е посебна. „По различни поводи ги посетуваме па така и денес. Со потпишувањето на меморандумот за соработка со ЗП, вака ја продолжуваме нашата заедничка соработка“, вели  Анета Јовановска, од Црвен крст Охрид.

Геронтолошкото одделение е како едно големо семејство и сите се трудат да придонесат за создавање убава атмосфера за старите лица кои се одлучиле овде да го поминат остатокот од животот. Овие луѓе направиле многу во својот живот и сигурно заслужуваат и многу повеќе од ова.

{loadposition content9}