Skip to main content

Круна на 19-годишно работење

Синоќа Опел Старт од Охрид ни го претстави новиот автомобил од генерацијата на Опел Астра. Станува збор за најзначајниот опелов новитет, не само во 2009 година туку и во изминативе неколку години.

 |  Крсте Голабовски  | 
Opel Astra
Опел Астра

Синоќа Опел Старт од Охрид ни го претстави новиот автомобил од генерацијата на Опел Астра. Станува збор за најзначајниот опелов новитет, не само во 2009 година туку и во изминативе неколку години.

Opel AstraСо традиција од 19 години успешно работење и само неколку вработени на самиот почеток,  денес овој реномиран продажен автосалон, брои околу 20-тина вработени вклучени во целокупната активност на  фирмата. Се наоѓа на брегот на Охридското езеро на  површина од 4520 метри квадратни и врши продажба на возилата од брендот на Опел и Шевролет.Синоќа од Опел Старт од Охрид ни го претставија новиот автомобил од генерацијата на Опел Астра. Станува збор за најзначајниот опелов новитет, не само во 2009 година туку и во изминативе неколку години. Модел од компактната класа која со години наназад е најпродаван автомобилски сегмент на најстрогиот и технолошки и дизајнерски највлијателниот пазар на светот – Европскиот, кој годишно апсорбира над 5 милиони возила во овој сегмент.

Поради светската финансиска криза која најмногу можеби се почувствува во автомобилската индустрија и во Македонија продажбата на автомобилите, заклучно со месе Ноември бележи пад од 35%, тренд кој би требало да заврши со крајот на оваа година. Од Опел Старт се справија и со тој предизвик.

Новата звезда на автомобилското небо е родена. Младешки дизајн, најквалитетната внатрешност и најдобрите возни карактеристики во класата како и добро одмерената вредност ја промовираат новата Опел Астра во вистински победник во својот сегмент. Новиот крал во компактната класа е роден.






{loadposition content9}