Skip to main content

Трет новогодишен концерт во организација на Лајонс клуб Охрид

Викендов во Охрид се одржа традиционалниот Новогодишен концерт, во организација на Лајонс клубот Охрид. Овој концерт кај Охриѓани предизвика голем интерес.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого

Викендов во Охрид се одржа традиционалниот Новогодишен концерт, во организација на Лајонс клубот Охрид. Овој концерт кај Охриѓани предизвика голем интерес.   

концертНУ Центар за култура „Григор Прличев“ беше премал да ги прими сите оние кои сакаа да го следат концертот.
Концертот започна со настап на охридскиот хор, за потоа пред присутните да се претстави и оркестарот на ОУ „Св.Климент Охридски“. Поетесата Кристина Аслимоска одржа рецитал, а програмата продолжи со незаборавната изведба на членовите на Основното музичко училиште „Методи Патчев“ – пијано изведба на Ивана Базгалоска и соло пеење Стефани Дудуќ. На виолина се престави Селман Севил, а на гитара Анастасија Милеска.

На новогодишниот концерт уште учествуваа и естрадниот ументник Ѓоко Танески, балетското студио Визија и танцовиот клуб од Охрид.
Покрај забавниот дел, пред присутните на концертот беа преставени и добитниците на проектот ТОП – 10.

Дознаваме дека овој проект е проширен во Битола, а има и најави дека следната година ваков проект, во кој се избираат 10 најуспешни ученици, ќе има и на државно ниво.

На хуманитарниот новогодишен концерт, специјлни гости на Лајонс клубот Охрид  беа членовите од Здружениејата на слепи и глуви лица од Охрид, на кои им беа поделени пакетчиња.
Овој Новогодишен концерт е единствениот предновогодишен настан во Охрид и за пофалба е упорноста на организаторот кој не потклекна ни на ладното време, ни на грипот кој подолго време е причина за одложување на многу настани.

{loadposition content9}