Skip to main content

Усвоен ребалансот на буџетот за 2009

Советниците експресно го усвоија ребалансот на  буџетот за 2009 година.

 |  Валентина Нелоска  | 
pretsedatel na sovet
претседател на совет

Советниците експресно го усвоија ребалансот на  буџетот за 2009 година.

sednicaПланот, годинава во општинската каса да се слеат 465 милиони денари не се реализира, и третиот квартал  заврши со 57,42 посто од планираниот износ. Четвртиот квартал се уште тече, па не се знае точно колку од планираниот износ останал не реализран. Помалиот прилив на пари во однос на планираниот се должи на неколку ставки, објаснува градоначалникот Александар Петрески.

Потфрли очекуваниот прилив во урбанизмот, а тоа се должи пред се на  политички причини кажува градскиот татко.  Се бојкотираше градежниот проект Охридија, од кој се очекуваше во општинската каса да се слеат 10  милиони евра, нагласува Петрески. Потфрли и ставката во туризмот. Приходите ќе беа поголеми ако се изградеше автопат од Скопје до Охрид или ако на охридскиот аеродром имаше повеќе летови, вели  градоначалникот. Додава, ние ги знаеме нашите слабости и се трудиме да ги елиминираме, но ни треба помош и од државата.      
Во општинската каса нема ни денар и од планираната продажба на државно земјиште. По овој основ било планирано  да се слеат дури 47 милиони денари.
Со државното  земјиште требаше да располага општината, но владата донесе одлука тоа да се случи дури во 2011 година. Не можеме да менаџираме со нешто што не е наше, а државата како газда не се грижи доволно  и не вложува во она со што стопанисува, како што се езерото и плажите потенцира Петрески.
За следната година охридскиот градоначалник најавува не само 20 посто поголем буџет во однос на 2009 година,  туку со ребаланс зголемувањето може да биде и до 100 посто.  Тоа го оправдува со влегувањето на општина Охрид во втората фаза на децентрализација.  

{loadposition content9}