Skip to main content

Локалната и советот „неодговорни“

Низа критики за работењето на локалната, и општинскиот совет денеска беа изнесени од страна на партијата на ВМРО ДПМНЕ.

pres
прес
Низа критики за работењето на локалната, и општинскиот совет денеска беа изнесени од страна на партијата на ВМРО ДПМНЕ.

presВМРО ДПМНЕ ги изнесе своите ставови за целокупното  работењето на  советот на Општина Охрид. Низа неправилности, измами и пропусти беа посочени како дел од неговото лошо работење во изминатите 8 месеци. „Токму ваквото неправилно функционирање допринесе на Охрид да му се случуваат многубројни непријатности“, велат дел од советниците од редовите на ВМРО. „Неодговорноста кулминираше со односот на градоначалникот кон унесреќените граѓани кои настрадаа во поплавите. Бидејќи тој не им излезе во пресрет, голем број на поплаки од страна на граѓаните стигнуваа до нас. Ние како партија која постојано е во контакт со нив решивме дека е поприоритетно да излеземе на терен и да помогнеме колку што можеме, па поради тоа и ја напуштивме вчерашната седница“, појаснува Борче Стефаноски, Претседател на ОО на ВМРО ДПМНЕ.

Ребалансот на буџетот за 2009- та година, кој што вчера беше усвоен од страна на советот, исто така беше цел на критики упатени од страна на советничката Јованка Дамоска. „Тајмингот во кој што иститот се донесе, степенот на реализација на програмите и кратењето на средствата за програми кои се суштествени за развојот на Општина Охрид, уште еднаш ја покажаа големата неодговорност на мнозинството во советот“, рече Дамоска .

Не остана неискритуикуван ниту буџетот за 2010. „На комисијата за буџетот и ги предочивме проблемите со кои тој се соочува, посочи советникот, Дејан Пановски. „Имено најголемиот дел од буџетот за 2010та се пресликани бројки од буџетот за 2009та година. Ако се знае дека во 2009та немавме „ништо капитално“ што му се случи на Охрид, тогаш што со овие пресликани бројки ние очекуваме во 2010та и за кого е овој буџет наменет“, прашува Пановски. „Зголемени даноци во однос на персоналниот доход од 17милиони и 500илјади денари, дополнителни 10 милиони денари за ЛЕР-от, и неколку сиви зони во буџетот кои ниту е објаснето за што се наменети ниту во што ќе се искористат. На сметка на сето тоа инвестициите во сферата на куллтурата, книги и промоција на културно ниво, се една голема нула“, обвинува Пановски.

На кое ниво се наоѓа спортот во Охрид, и колку од буџетот се издвојува за негов развој, беше прашањето на кое се осврна советникот Кирил Пецаков.

Последна критика во работењето или неработењето на советот на Општина Охрид, даде Тони Симоноски, кој ја обвини локалната за неизлегување во пресрет на фестивалот „Охридско лето“. Имено, тој напомена дека наредната година следи јубилејно 50 то издание на фестивалот, а во средствата од буџетот наменети за тоа нема никакви дополнувања.

{loadposition content9}