Skip to main content

Поголем буџет за општинскиот црвен крст

Зголемени буџетските средства за општинската оранизација на црвениот крст.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого
Зголемени буџетските средства за општинската оранизација на црвениот крст.

„И годинава нашите проекти и активности се наменети за најранливата категорија граѓани“, вели претседателот на ОО Сашо Точков. Охридскиот црвен крст прогласен за најдобра организација на ниво на држава.


Saso TockovБуџетските средства со кои располага ОО на црвениот крст – Охрид,од година во година поголеми. Годинава централата им додели за 20 до 25 насто повеќе пари во споредба со мината година.
„Тие средства ќе ги насочиме кон активсностите за помош на ранливата категорија на луѓе.  Годинава ќе прославиме 65 години од основањето на црвениот крст“, вели престседател на ОО на Црвен Крст Сашо Точков.

Минатат година настан кој остави црна дамка беше потонувањето на бродот Илинден. Поради тоа поинтензивно ќе работиме на она што со години  им го укажуваме и на институциите  и на локалните власти дека треба да постои центар за безбедност на вода, вели претседателот на ОО на Црвениот крст.

„Брод амбуланта треба да профункционира во 2010 год. Со ова капачите и сите оние кои се возат во пловните објекти ќе се чувствуваат побезбедни“, вели Точков.

Претседателот на ОО на црвениот крст  е задоволен и од крводарителските акции кои беа спроведени во 2009 год. „Со многуте вакви акции го надминавме планот за крводарителство за 30 насто. Искрено се надевам дека на ова поле ќе постигнуваме добри реултати и во иднина, вели Точков.  
Во годинава која ни претстои ќе продолжиме со интензивна надградба на кпацитетите, затоа што нашиот адут за успешна работа се токуму тие. Можам да се пофалам дека од 2004 год. бројот на волонтери во ОО се зголеми за 80 насто.
Драго ми е што маладите не подржуваат и се повеќе се вклучуваат во нашите активности, а со тоа се едуцираат и со хуманите вредности. Само со ваква армија на хумани луѓе ќе ги реализираме сите предизвици за 2010 год. рече Точков.

{loadposition content9}