Skip to main content

Акцијата започнува и во Охрид

Инспекциските служби и покрај празниците најавија дека ќе бидат постојано на терени со цел истиот да се спроведе. Пазарниот инспекторат задоволен од тоа како помина 2009 год.

 |   | 
катинар
katinar

Инспекциските служби и покрај празниците најавија дека ќе бидат постојано на терени со цел истиот да се спроведе. Пазарниот инспекторат задоволен од тоа како помина 2009 год.

prodavnicaПазарниот инспекторат минатата година работејки според законите на Р Македонија спровел 2800 надзори. Решенија во управана постапка биле поднесени 156, од кои дел во основниот суд во охрид и дел до комисијата за прекршоци, вели началникот на пазарниот инспекторат Ѓоко Бошалевски.

„ Беа наплатени преку 20 000 евра глоба и мандатни казни преку 30 000 евра. Постапката што се чека повратно е над 150 000 евра за кои постапката е во тек, вели Бошалевски.

Во тек е постапка за прекршоците на кабелските оператори, кои реемитуваат програма за која не поседуваат договор со телевизиите за емитување на истата. Казните за овие прекршоци се од 3 и пол до 5 илјади евра. Бошалевски вели дека годинава инспектоартот водел војна и со оние кои го кршеа законот за авторски и сродни права.

„ Одземена беше роба од 400 000 денари или 40 000 CD, од ки 330 000 од непознати продавачи кои бегаат и робата ја оставаат на улица, вели Бошалевски.

Борбата со уличните продавачи ќе продолжи и годинава, додава началникот на пазарниот инспекторат. Бошалевски кажува дека одделението во Охрид минатата година работело и по законот за индустариска сопственост и заштита на потрошувачите. „Почитувајки го и работејки по него беа наплатени мандатни казни во висина од 2400 евра. Се работеше и по законот за занаетчиска и за угостителска дејност, по што беа изречени 2400 по однос на првата и 12 000 евра по однос на втората“, вели Бошалевски. Тој додава дека инспекторатот од постапките кои се во тек наплатил  30 000 евра глоба, а останале уште 15 000  евра средства кои треба да се наплатат.

Во годишниот извештајот на пазарниот инспекторат стои дека во 2009 год. по законот за трговија беа затворени 42 објекти од кои по законот за трговија 21, по законот за заштита на потрошувачите 1 и по законот за угостителска дејност 20.
Пазарниот инспекторат работеше и по законот за пушење во доменот на рекламимирњето, за што била наплатена глоба од 1250 евра.

{loadposition content9}