Skip to main content

Селин е првото бебе во новата 2010 година

Со 3 килограми и 330 грама, и должина од 53 сантиметри, во 1 часот и 10 минути по полноќ, во охридската општа болница на свет дојде малата Селин.

Selin Veslioska
Селин Веслиоска
Со 3 килограми и 330 грама, и должина од 53 сантиметри, во 1 часот и 10 минути по полноќ, во охридската општа болница на свет дојде малата Селин.  

Selin VeslioskaАко по утрото денот се познава, а според првороденото бебе бериќетот за годината која следи, тогаш не очекува среќна и бериќетна година. Во Охрид во 1 часот и 10 минути по полноќ, на свет дојде Веслиноска Селин. Старите велат дека доколку првороденото бебе е женско, тогаш следи богата година. Селин на свет дојде со нормално породување и денеска веќе го забавува персоналот на гинеколошкото одделение при Општа болница Охрид, од каде велат дека со бебето се е во најдобар ред.

Селин иако е втора радост за семејството Веслиноски, нејзиното доаѓање на овој свет е нешто сосема специфично. Аслие Веслиноска, гордата мајка вели дека отсега новогодишните празници ќе бидат многу побогати, бидејќи ќе имаат двојна причина за радост. „Ќе ја дочекуваме секоја наредна година, со роденденска торта“, вели мајката Аслие.

Традицијата која досега се практикуваше, градоначалникот да го посетува првороденото бебе, поради состојбата со вирусите, малку ќе се видоизмени. Имено Петрески семејството Веслиноски ќе го посети откако тие ќе пристигнат во својот дом. Од неонатолошкото одделение во Охридската болница велат дека доколку во текот на денешнит ден се помине во најдобар ред, бебето и мејката за две дена ќе можат да ја напуштат болницата. Тоа би значело дека некаде околу Божиќ, малата Селин ќе си ја добие наградата која ја заслужи со своето доаѓање на овој свет.

{loadposition content9}