Skip to main content

Граѓаните се потешко инвестираат во осигурување

Се помала е заинтересираноста на граѓаните да ги  осигураат своите домови од можни штети.

 |  Валентина Неловска  | 
Рецесијата која ја зафати изминатата година  нашата земја се одразува  и во оваа сфера. Премиите за осигурување на домаќинствата не се високи и се движат во просек од 3000 до 6000 денари, годишно. Плаќањето може да е и на рати, и е доста поволно  во однос на штетите кои можат да настанат нагласува   раководителот на Кроација осигурување, Ѓоко Танаскоски. „,Но , охриѓани како и и сите граѓани на државата ги зафати рецесијата  се подготвени да осигуруваат само она што мораат  законски, а тоа најмногу се однесува на авто одговорноста  и зелените  картони доколу патуваат во странство“ истакнува Танаскоски.


Сега граѓаните се осигуруваат на барање на банките. При подигање на кредит за купување автомобил, банаките бараат задолжително каско осигурување. Граѓаните и тука го одбираат најефтиното осигурување, а не она што би ги покривало сите трошоци за штета која би се случила обајснува Танаскоски.
Осигурителните компании ја почуствува  кризата и во  законската обврска за осигурување на возилата. Се намалува и интересот на граѓаните за патничко осигурување како последица на  визната либерализација. Од оваа година граѓаните ќе ги  осигуруваат возилата онолку дена колку што ќе престојуваат во странство, а не како досега на 90 дена. И транспортерите  бараат да се намалат премиите за осигурување на зелената карта. Осигурувањето, пак, за ЦМР дозволите  го прават само компаниите кои добро работат, а нив ги има се помалку велат агентите од осигурителните компании.
Во опаѓање е и интересот за  осигурување  на вработените во  компаниите. Досегашните искуства покажуваат дека тоа е во корист на вработените и добро е ако го има потенцира Танаскоски.