Skip to main content

Бурни новогодишни прослави

Годинава рекордна по алкохолизирани лица за новогодишните празници. И нашиот град не е исклучок. Охридските медицински центри полни раце работа.

 |  Биљана Николовска  | 
Од итната медицинска помош загрижени затоа што меѓу лицата кои се обратиле кај нив најмногу имало млади.
Многу работа бележи итната медицинска помош. Овие две ноќи заблежани се разни интервенции. Тие се очекувани вели раководителот на итната медицинска помош Др. Ацо Стојаноски, но загрижен е поради податокот што повеќето од лицата врз кои било интервенирано се деца со само 14 години. Стојаноски вели дека првата ноќ тешката сообраќајна незгода што се случила во Охрид била покарактеристична по обем на сериозност.


Гоема фрекфенција на пациенти овие два дена е забележана и во општа болница Охрид. Портпаролот на болницата Др. Сашо Василески вели, дека голем бил интензитетот и ангажираноста на сите одделенија во нивниот центар. Сите кои побарале помош добиле максимум.
Надминати се недоразбирањата кои деновииве беа ставени на кантар кој повеќе сработил, дали итната медицинска помош или општа болница Охрид.
Во Охрид запазена е основната функција на медицинските установи. Мобилни, 24 часа пред корисниците на нивните услуги, но сепак, со посебен акцент дека ништо не би функционирало доколку немало меѓусебна соработка. Општа болница Охрид покрај соработката со итната медицинска помош, соработувала и со кардиолошкиот центар.