Skip to main content

Успешна 2009 год, а пак 2010 значајна

Научната Установа Музеј Др Никола Незлобински Струга ги исполна зацртаните проекти за 2009 та година. Но на големо се подготвува за достојно одбележување на 200 годишниот јубилеј од раѓање на Димитар Миладинов.

 |  Биљана Николовска  | 
Струга годинава видно актуелна на полето на историјата, културата и археологијата.
Години наназад природната поставка на музејот во Струга беше оставена на забот на времето. После седумдесет години, за прв пат се превзедоаа посериозни проектни активности зацртни во програмата за 2009 год на музејот Др. Никола Незлобински Струга. Се работи за капитална инвестиција кој што започна во 2009 тата год, и следи нејзино довршување во периодот што следи вели првиот човек на оваа установа Доц. Др. Сашо Цветкоски.


Годинава музејот отпочнува со подготовка за одбележување на историски јубилеи поврзани за големите дела на браќата Миладиновци. Веќе имаме аплицирано со проекти до министерството за култура од каде очекуваме средства за реализација на истите вели Цветкоски. Се работи за средства за одбележување на 200 години од раѓање на Димитар Миладинов годинава, за 2011, 150 од зборникот на Миладиновци и 2012 од смртта на браќата.
Изјава-Доц. Др.Сашо Цветкоски-директор на НУ Музеј Др. Никола Незлобински.
Скромни се финансисктие побарувањата на Цветковски пред проектите кои треба да ги реализира за Струга. Неговите побарувања на средства за реализација на проектите се движат до 300.000 денари. Тој ја подржува и глобалната политика на државава на полето на културата, како што е тоа современото творештво.
Средставата никогаш не се доволни пред пред бројните идеи на секој кој што наменски ги планира средствата вели Цветкоски. Досава дека сепак мора да се гледаат реално работите и да се има предвид состојбата на економската криза, и строго придржување до препораките на министерството за култура.