Skip to main content

Високи казни за се и сешто

Високи казни за несовесните возачи кои ќе наводенат пешак. Домаќинствата и правните лица кои во претстојните зимски денови нема да го исчистат својот двор исто така ќе подлежат на ригорозни парични казни.

Tanas Tanasoski
Танас Танасоски

Високи казни за несовесните возачи кои ќе наводенат пешак. Домаќинствата и правните лица кои во претстојните зимски денови нема да го исчистат својот двор исто така ќе подлежат на ригорозни парични казни.

avtomobilЗапочнаа врнежливи зимски денови. Неретко граѓаните при своите секојдневни прошетки се жртви на несовесни возачи, кои поради невнимание ги воденат од глава до петици. „Секојдневно тоа ни се случува, а незнаеме каде да се обратиме за помош“, велат тие. Исто така тие не се запознаени со правилникот зацртан со законот за јавна чистота, каде граѓаните кои нема да го исчистат снегот до самата улица ќе подлежат на ригорозни казни.

Танас Танасоски од општинскиот инспекторат подетално го објаснува правилникот за јавна чистота според кој несовесните возачи ќе сносат парични казни доколку наводенат патник. Оштетените лица доколку ја запаметат регистрацијата на возилото, истото треба да го пријават во полиција или кај јавните комунални инспектори. „Тие вкупно се шест, и постојано се на терен и на располагање на оштетените граѓани. Комуналните редари имаат надлежност за изрекување на парични казни во висина од 50 евра во денарска противвредност или пак изрекување на мандатна казна: општокорисна работа во Јавното комунално претпријатие. Еден час ваква работа ќе се вреднува со 50 денари, што би значело 4 – 5 работни дена по избор на казнетитот. Тоа може да биде јавно чистење, копање и слично“, посочува Танасоски.

Започнаа и проблемите со снегот. Во оваа насока од комуналниот инспекторат исто така предвидуваат ригорозни казни за ненавремено чистење на истиот од страна на граѓаните и правните субјекти. „Казните ќе се движат и до 2000 евра во денарска противвредност“, вели Танасоски.

„Навистина може да се каже дека казните се екстремно високи и ригорозни, но само така ќе ги заштитиме граѓаните од несакани повреди кои можат да настанат поради замрзнатиот и неисчистен снег“, велат од општинскиот инспекторат.




{loadposition content9}