Skip to main content

12-та седница на совет, утре

Советниците во Новата година – желни за работа.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого

Советниците во Новата година – желни за работа.

12 тата седница претседателот на советот ја свика за утре, на втор ден Божик.Ако денот се познава по утрото, тогаш ова треба да е показател дека годинава советот активно ќе работи.
Прва седница во Новата година. Претседателот на Советот на општината Душко Јаковчески ја свика дванаесеттата седница на Советот за 8.јануари 2010 година (петок) со почеток во 11 часот. На предложениот дневен ред за оваа седница се наогаат предлог-одлуките од урбанистичката сфера кои беа повлечени од 11-та седница заради преобемниот дневен ред а се однесуваат на утврдување потреба од изработка и донесување локална урбанистичка планска документација за одделни градежни парцели. На седницата утре ќе се дискутира за парцела во  урбана заедница 5 урбан блок 5.4. Неколку точки се за утврдување потреба  од изработка и донесување  на  локални урбанистичка плански документациии за   дел од Урбан Блок 9 Лагадин – Пештани, потоа предлог    одлука за утврдување потреба  од изработка и донесување  на  локална урбанистичка планска документација за градежни парцели во Велестово. 7 предлог одлуки се однесуваат на утврдување потреба  од изработка и донесување  на  локална урбанистичка планска документација за градежни парцели во Охрид. Советниците утре ќе расправаат по 15 точки.

{loadposition content9}