Skip to main content

Пример од кој треба да учиме

Хит дестинација за инвестирање во Југоисточна Европа е српската општина Инџија со 450 милиони евра странски инвестиции за само 5 години.

 |  Татјана Маленкова  | 
Petar Filipovic
Петар Филиповиќ

Хит дестинација за инвестирање во Југоисточна Европа е српската општина Инџија со 450 милиони евра странски инвестиции за само 5 години.
Успехот оваа општина го постигна нудејки градежно земјиште за само 1 евро метар квадратен и слободни економски зони. Заменик градоначалникот на Инџија Петар Филиповиќ, развојот на Охрид го гледа исклучиво во туризмот.

IndzijaСпоред проценките на британскиот весник „Фајненшл Тајмс” Инџија е 18-та општина во Европа по бројот на странски инвестиции, пред Амстердам и Будимпешта со 30 изградени фабрики за само 5 години. Она што тие им го нудат на странците е градежно земјиште за само 1 евро метар квадратен и слободни економски зони.
„ Ние во Инџија денес имаме 400 милиони странски гринфилд инвестиции. Тоа во однос на бројот на жители е многу. Овие инвестиции не доведоа до лидер за инвестирање во Србија“, вели заменик градоначалник на Инџија, Петар Филиповиќ.
„Кога пред 8 години дојдовме на власт веднаш знаевме што треба да се работи и што е тоа што не става на позиција да се инвестира во нашата општина. Покрај добрата местоположба знаевме дека треба многу да се вложи во маркетингот преку кој ја промовиравме нашата општина“, вели Филиповиќ.
Заменик градоначалникот на Инџија на крајот од минатата година престојуваше во Охрид. Вели дека градот има перспектива за засилен развој, но дека локалните власти мора да водат повеќе сметка за развојот на туризмот. Според него Охрид не е индустриски град, туку град кој има вистинска иднина во туризмот.
„ Што се однесува до Охрид ситуацијата е малку поспецифична. Не може да се спореди со Инџија. Ние бевме голем приватен индустриски центар на приватни фирми, јас мислам дека Охрид во Овој момент треба да се наслони исклучиво на туризмот. Незнам дали ќе успеете во тоа. Но оваа власт и луѓето кои ги запознав се многу амбициозни  и може многу да направите за да успеете. Имате добра перспектива во овој момент“, вели Филиповиќ.
Како македонските општини да постигнат ваков успех? За домашните експерти во моментов тоа е невозможно бидејќи странците  се уште се соочуваат со големи ризици и со недоволно развиен финансиски пазар кај нас.
Има по некој простор каде локалната самоуправа на своја рака може да преземе одредени акции. Добро е тоа да е во координација со централната власт и со поддршка од владата. Во Македонија немаме пазарни услови. Имаме високи каматни стапки тоа е лошо за инвеститорите. Кој би инвестирал кај нас, оној кој ќе може да ги продава своите производи надвор. Помина и времето кога кај нас се наоѓаше и ефтина работна сила, вели Ристо Гогоски, професор по економија на Државниот универзитет во Битола
За сега Макеоднските општини можат да сонуваат ваков успех, уште повеќе што бројот на невработени во Инџија од 60.000 жители во моментов е само 10 проценти. Заменик градоначалникот Филиповиќ вели дека до крајот на својот мандат, администрацијата на општина Инџија тежнее невработеноста да падне до 7 насто.

{loadposition content9}