Skip to main content

Експрес седница

Дванаесеттата седница на Советот на општина Охрид  експресно заврши. Петнаесете точки од дневниот ред беа од урбанистичката сфера и изгласани во еден здив.

 |  Биљана Николовска  | 
Рача, Лагадин масовно се урбанизираат, а тоа е целта на првиот човек на градот.
Амандман или седница. Седумте регистрации, закажани за денес ги натераа советниците да се преселат во малата општинска сала. Таму се одржа дванаесетата седница. Лесно и без препукувања се изгласаа сите точки од дневниот ред кои беа во знак на донесување урбанистички плански документации. Главен збор имаше раководителот на секторот за урбанизам Бранко Арнаудов.


Новите измени на законот за просторно планирање во многу ја олесни работата на секторот за урбанизам. Со мали сугестии на градоначалникот Петрески ако не на оваа на наредната седница со сигурност поминуваат предлог одлуките за утврдување потреба од изработка и донесување на локална планска документација.
Петрески вели дека урбанизацијата е негов главен приоритет и заложба. Гласно искоментира дека Рача и Лагадин -Пештани полека ама сигурно одат во нагорна линија на урбанизација.
До крајот овој месец најверојатно ќе има уште една седница. Советниците денеска вонредно присуствуваа на седницата бидејќи Локалната самоуправа до 11 овој месец не работи.