Skip to main content

Не очекува мачна 2010 година

Владата свесна за кризата и понатаму си тера по свое. Да престанат манипулациите кој го чува а кој го продава идентитетот на државата смета Проф. Нано Ружин.

 |  Биљана Николовска  | 
Мора да се преземат сериозни чекори за излез од состојбата бидејќи интересот на државата е најбитен а не Власта.
Според Проф. Др Нано Ружин ова е реална прогноза, доколку не дојде до промена на власта. Уште на самиот почеток на светската економска криза дури и врапците зборуваа дека таа ќе донесе тешки моменти  во нашата земја, наспроти официјалните токлувања на актуелната Влада, дека ние ќе бидеме заобиколени. вели Проф. Нано Ружин. Тој за ТВМ кажа дека заедно со неколку негови колеги експерти во својата струка биле во право. Ружин не се согласува што сеуште Владата продолжува да троши пари на непродуктивни споменици, згради и.т. н. не гледајќија алармантната состојба во земјава. Единствена предност е тоа што нашата земја е мала и кризата може пофлексибилно да се одрази.


Се погласните инсинуации за предвремени избори и промена на власта се сосема природен процес кој треба да се случи по мирен пат смета Ружин.
Ружин како голем минус го оценува ова што ни се случи со одлагањето на датумот за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Тој стравува дека земјата може да остане меѓу најбезнадежните на овој простор. Вели, под итно треба да се направи нешто, па ако треба да се ризикува, бидејќи според него не е најбитна Власта битен е интересот на државата. Тој посочи дека време е да престанат  манипулациите дека некој го чува а некој го продава идентитетот на Македонија.
Ружин како констатација изнесе дека институциите ни се многу слаби, што за волја на вистината веќе им е јасно и на странските инвеститори. Тој рече дека очигледно е, не само што се под влијание на политиката туку не се залагаат да излезат од тоа влијание. Во моментов состојбите се многу пострашни, институциите се исклучени од донесување решенија, во замена на тоа присутни се партиските центри на одлучување.