Skip to main content

Уредување на спомениците

Приоритет на настаните. Ова е најважната девиза за годинава кажана од градоначалникот Петрески.

 |  Биљана Николовска  | 

Тој свесен за економската рецесија не загризува на големите залаци. Но не ги заборава ветувањата. Плоштадот ќе се среди по секоја цена, според планираното.
Уредувањето на триаголникот од светците Св Климент, Св. Наум и Св Кирил и Методиј, ќе се реализира во подобри времиња.

Делот кај што се планирани спомениците, ќе се реконструира, согласно донесената одлука на советот на општина Охрид. Петрески не ја напушта својата замисла секој дел од плоштадот да биде среден онака како што доликува во светски познатите центри. Плоштадот ќе има подземен премин за возила и безбедна пешачка зона вели Петрески.
Старите коцки на охридската чаршија ќе бидат употребени за изведба на апликации на делови од плоштадот вели Петрески. Главната цел е да се спои плоштадот со ул. Самоилова.
Бројни се идеите на градоначалникот за убав изглед на градот. Многу од нив се и остварени. Но сепак ако плоштадот и централното градско подрачје не се приоритет, се наметнува прашањето што би било вистински приоритет.