Skip to main content

Бурето, градоначалникот и Фуере

Охриѓани Масовно го прославија вториот ден Водици.  На Овој ден познат како зимско капење на рибарите не се фрла крст туку сто литарско буре.

 |  Татјана Маленкова  | 
Aleksandar Petreski
Александар Петрески


Охриѓани Масовно го прославија вториот ден Водици.  На Овој ден познат како зимско капење на рибарите не се фрла крст туку сто литарско буре.

Aleksandar PetreskiМеѓу капачите покрај Охриѓаните и градоначалникот беа и евроамбасадорот Ерван Фуере како и гости од странство.  

Срароградска музика, плашици, вино и топла ракија. Вака денеска на Сараиште се славеше вториот ден Водици или ден во Охрид познат како зимско капење на рибарите. Меѓу капачите на овој ден неколку години наназад покрај тајфата на оној што го фатил крстот и  охриѓаните се и  градоначалникот на Охрид Александар Петрески како и евроамбасадорот  Фуере кој денеска го фати столитарското буре со вино.

Градоначалникот Александар Петрески годинава повторно се искапи. Тој вели дека во вода влегу не само во свое, туку во име на сите охриѓани.

Меѓу капачите денеска беше и специјалниот гостин  на Петрески, Марк Мулер од Шпанија.  Гостувањето било договорено минатиот месец кога делегација на локалната гостуваше во Мадрид. “ При нашето гостување домаќините ни го претставија најдоброто од Шпанија, затоа и ние ги повикавме кај нас, за да го видат најдоброто од Македонија, вели градоначалникот Петрески. Гостите презадоволни од она што го видоа.   

Овој ден е останат во традицијата како ден на рибарите.  Години верниците пред да се искапат, масовно се собираат во црквата Св Никола Геракомија, вели Секретарот на Богојавление Томе Тримчев.

Инаку на Сараиште денска во Езерото се фрлија стотина капачи. По пливањето во студената вода, капачите се загреаја со топла ракија,а закрепнаа и со свежо пржени плашици.

{loadposition content9}