Skip to main content

Кафулињата останаа празни

Охридските угостители од 8 часот изутрина стапија во штрајк.

 |  Валентина Нелоска  | 
logo
лого

Нивните објекти ќе бидат затворени во рок од 24 часа во знак на револт кон Законот за заштита од пушење. Угостителите сметаат дека постоечкиот закон е премногу ригорозен и негативно се одразува на нивното работење.

kafulinjaСо овој вид на незадоволство ја изразуваат потребата од негова итна измена. Иако ја поздравуваат одлуката за пушење на летните тераси, сметаат дека таа е неприфатлива за нив и нивното работење, па веќе поднеле барања до владата потенцира угостителот Драган Битракоски.

„Тие барања се помалите објекти до 100 квадрати сами да решат дали ќе бидат за пушачи  или непушачи, поголемите над 100 квадрати да бидат со 30% за пушење а за поголемите објекти да се реши на друг начин, можеби со лиценци истакнува Битракоски.

Според кажувањата на угостителите, примената на овој Закон веќе се одразува врз финансиското работење на угостителските  објекти. Прометот во јануари е драстично опаднат во однос со  јануари минатата година. Доколку нешто во меѓувреме не се измени, намалениот  промет во угостителските објекти, ќе доведе и до отпуштање на вработените.

Угостителите ги отфрлаат шпекулациите дека помеѓу нив има штрајкбрејкери. Одлуката за штрајкот на угостителите при Сојузот на стопански  комори на Македонија ја почитуваат сите и цврсто се уверени  дека така  ќе остане во текот на преостанатите вечерни часови.Тие се децидни дека денешниот ден некои од угостителите го искористиле  за средување на објектите, а не за работа.

{loadposition content9}