Skip to main content

Се враќа џагорот во средношколскиот дом „Ванчо Питошески“

На средношколскиот дом „Ванчо  Питошески“, кој е дел од  општинското средно училиште, нема да се стави  клуч на врата.

 |  Валентина Неловска  | 
dom
дом

domДилемата е разрешена. На средношколскиот дом „Ванчо  Питошески“, кој е дел од  општинското средно училиште, нема да се стави  клуч на врата. Годинава тука се врати ученичкиот џагор.
Училишното раководоство нагласува ситуацијата во домот годинава се подобрила. Имаат доволен број на ученици за домот да работи рентабилно.
Во неколку изминати години бројот на учениците  тука бил помал и достигнувал и до 40 ученици. Иако со тоа било  доведено во прашање рентабилното работење на домот,  директорот Секула Баткоски е дециден дека домот и покрај намалениот број на ученици, досега нема никакви долгови по основ на комуналии или плата на воспитувачите.
Домот има капацитет од 105 легла нагласува директорот Баткоски, а годинава во домот се сместени 70 ученици кои посетуваат настава во трите средни училишта. Во домот се згрижени покрај  учениците од угостителското училиште и  ученици од електромашинскиот училишен центар и економско.
Покрај нив има и околу 10-тина студенти  потенцираат од училишното раководство. Додаваат дека сместените ученици се од околината на градот и од Дебарскиот крај. Во прва и втора година учениците кои покрај сместувањето добиваат и три оброци се ослободени од плаќање надоместок. Учениците,пак, од 3 и 4 година, како и студентите, треба да издвојуваат по 4500 денари.


{loadposition content9}