Skip to main content

Изгаснат пожар во село Куратица

Во 20 часот и 20 минути до охридската противпожарна служба бил дојавен пожар кој зафатил летна кујна и плевна вели командирот на противпожарната единица Спасе Прентоски.

 |  Валентина Неловска  | 
PP aparati
пп апарати

pozarna kolaСиноќа е изгаснат пожар во селото Куратица, оддалечено на дваесетина километри од Охрид.  Во 20 часот и 20 минути до охридската противпожарна служба бил дојавен пожар кој зафатил летна кујна и плевна вели командирот на противпожарната единица Спасе Прентоски.
Командирот информира дека во селото пристигнале за само  40 минути со 2 возила за гасење пожар и  со 6 пожарникари. Причина за тоа биле  22 километри оддалеченост од градот и зимските услови на патот, високиот снег, тесниот пат и помалите одрони кои возилата за гасење морале внимателно да ги поминат.
Пожарот не предизвикал голема материјална штета. Изгореле старата плевна  и новоизградена летна кујна,  кои зафатени од огнот претставувале  сериозна  закана тој да се  прошири на соседниот објект.
Плевната била на еден метар од куќа чии сопственици се наоѓаат во странство. 50 –те см. снег  кои паднаа деновиве и брзата интервенција на пожарната спречиле да не се предизвика голема материјална штета.
Противпожарната единица во Охрид  за 36 дена од оваа година интервенирала 27 пати. Во гасењето на пожарите  делувале врз  21 објект, 4 интервенции биле на возила, а пожарникарите два пати гаселе на отворен простор.



{loadposition content9}