Skip to main content

Замрзната постапка

Околу 2 милиони евра го чинеше „Гранит“, да го откупи полигонот за мали спортови во Охрид.

 |  Билјана Николовска  | 
Poligon za mali sportovi
полигон за мали спортови

Poligon za mali sportoviКонгресниот центар кој требаше да се изгради на местото кај полигонот за мали спортови во близина на ОУ “Григор Прчичев” ќе почека. Овој простор, оставен на забот на времето во моментов е бескорисен и наместо да се изгради, останува поле на препукување помеѓу сопственикот или корисникот „Гранит“ и Kатастар.

Од грдежната фирма „Гранит“- Скопје, директорката на правниот сектор Виолета Божиновска, вели: “Воопшто не е почната постапка за изградба на конгресен центар, ниту е планирано да се гради се додека не се расчистат сопственичките односи за земјиштето“.

Божиноска не информира дека целиот процес е заглавен во државните институции поточно во Kатастар . Таа додава дека површината од 8 000 метри квадратни легално е откупена и е во сопственопст на „Гранит“. Таа исто така спомна дека уписот за сопственост на земјиштето добиен е од страна на основниот суд во Охрид во јавна судска постапка. Се додека не го добиеме статусот на сопственици не планираме ништо,  додава таа.
Засега се водиме како корисници што е парадокс и е причина за целиот застој во понатамошното планирање за тој простор, кој покрај Конгресен центар би содржел и други пропратни објекти согласно постоечкиот Урбанистички план.
Од Катастар Охрид во кусиот телефонски разговор ни кажаа дека за овој случај не е извршена приватизација на земјиштето.
Актуелниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески, појаснува дека државата ги има замешано прстите и  во оваа каша и тоа уште  пред неколку години, за време на мандатот на поранешниот градоначалник. Земјиштето на  градскиот полигон е во сопственост на „Гранит“, од 2002 година додава тој. Тогаш по судски пат, со извршно решение, одземено е земјиштето од општината заради долгови. Петрески објаснува дека најголем дел од долгот е од  времето на изградбата на колекторскиот систем од 1996 – 2000 год. кој е во функција за заштита на Охридското езеро, и е во владение на државата. И покрај овој факт, долгот наместо да го плати државата го платила локалната самоуправа, вели Петрески. Покрај што го изгубивме просторот кај малиот полигон, оневозможено му е на градов да добие и конгресен центар поради некакви игри на владата, обвинува Петрески.


{loadposition content9}