Skip to main content

Еколошката Б дозвола, бенефит и обврска

Доделена првата еколошка интегрирана Б дозвола во Охрид.

 |  Крсте Голабовски  | 
Bogdanoski
Богданоски

Lidija SpirkoskaЕУРОТЕХНИКА ДООЕЛ е првата охридска фирма која доби ваков вид на дозвола. Оваа дозвола не е е само бенефит туку и голема обврска за оној кој ја поседува.
Целта која треба да се постигне со воведувањето на овој тип дозволи е спречување,a доколку тоа не е можно, барем намалување на загадувањето на најмала можна мерка, со што стандардите на квалитетот на животната средина во Република Македонија ќе се подигнат на оние во Европската Унија и ќе се обезбеди остварување економски развој без деградација на животната средина. Сето тоа ќе придонесе интегрирано спречување и контрола на загадувањето, односно издавање дозволи на индустриските капацитети за емисиите коишто ги испуштаат во животната средина.
ЕУРОТЕХНИКА ДООЕЛ е веќе постоечка инсталација, каде потребни беа одредени модификации, со цел усогласување со оперативниот план.

За инсталациите кои допрва треба да се градат се обрзани да поднесат барање за одобрување на интегрирана еколошка дозвола, доколку истите сакаат да започнат со работа. Поседувачот на ваквата дозвола плаќа годишен надоместок онолку колку ја загадува животната средина или за годишно одржување на дозволата. Исто така тој плаќа и годишен надоместок за инспекциски надзор. Добивањето на оваа дозвола не е само бенефит за оној кој ја поседува, туку истата претставува и голема обврска за истиот.

Хавза потенцира, дека краен рок за усогласување на оперативниот план или стекнување со вакви дозволи е 2014 година, што не значи дека во координација со барателот не значи дека рокот не може да се измени се со цел заштита на природната средина. Во Охрид подложни на Б еколошките дозволи се 11 инсталации, од кои сите имаат аплицирано. Наскоро ќе бидат доделени уште две дозволи. Инспекторката од Одделението за урбанизам и заштита на животна средина, Лиљана Спиркоска истакна дека казните за непоседување на ваквите дозволи се од 6 – 12.000 евра.


{loadposition content9}