Skip to main content

Нашите мировници истакнати насекаде

Свечен дочек на македонските мировници. Достојни и конкурентни успешно одговорија на шест месечната мисија во Авганистан, смета високиот врв на АРМ.

 |  Биљана Николоска  | 
sila za mir
сила за мир

ARM Мировниците на АРМ, амбасадори на нашата татковина. Денеска во касарната „Генерал Михајло Апостолски“ во Охрид се одржа свечената церемонија по повод враќањето на последниот контигент на мировната мисија од Авганистан.

Началникот на Генерал Штабот на АРМ,Мирослав Стојановски рече дека најголемо е задоволството што сите мировници од мисијата во Аганистан се вратија живи и здрави во Р. Македонија. Тој додаде дека тие се вратиле со  стекнато искуство кое е од непроценливо значење за подготовката на наредните контигенти.
Стојановски рече дека овој пат мисијата во Авганистан била изложена на висок ризик, но нашите припадници се докажале како конкурентни во вештината, знаењето и професионализмот.
Војничкиот речник добро го употреби командантот на Леопардите, Методија Величковски, кој потенцираше дека секоја задача и секоја мисија е успешно завршена доколку во предвиденото време луѓето, материјално техничките средства и оружјето се вратат од таму од каде што тргнале.

Мајорот Љуљзим Нурдини рече дека гордо стои пред контигентот на војници кои што во изминатите шест месеци уште еднаш се докажаа рамноправни со останатите припадници на другите армии во мисијата на Авганистан.

Рамо до рамо без дискриминација, во шест месечната мисија учество зедоа и припаднички на понежниот пол. Жаклина Лазаревска како постар водник, вели отидовме подготвени на сите ризици иако не беше лесно.

Во шест месечната мировна мисија од АРМ отидоа 149 војници од втората механизирана пешадиска бригада „Леопарди“. Тие се соочија со главната задача обезбедување на командата на ИСАФ во Кабул, за време на еден од потешките периоди кога настана големата експлозија за време на одржувањето на претседателските избори во Авганистан.


{loadposition content9}