Skip to main content

Ограбена баба во Трпејца

Непознати лица оперираат во oхридските села. Претствувајки се дека се активисти од црвениот крст од една жена принудно одзеле 5000 денари. 

 |  Татјана Маленкова  | 
pari
пари

babaОхридските  села цел на криминалци. Напознати лица вчера дошле во домот на Трајанка Тодороска жителка на селото. Во куќата и влегле преставувајки се дека се активисти на црвениот крст и и побарале 5000 денари. Тодороска наседнувајки на приказната прво им дала 4000, а покасно уште 1000 денари.

„В кујна ми влезе, можеше и да ме убие. Викаше ајде, ајде, побрзо. Дајми уште 1000 денари и ќе ти донесиме и масло, шеќер и гулаш од големите“, раскажува Трајанка Тодороска – жителка на Трпејца.  

Ова не е прв случај како се ограбуваа граѓани позади нашето име, вели Анета Јованоска, активист на Црвениот крст. Таа апелира граѓаните добро да размислат пред некого да пуштат во својот дом.

“Апелираме до граѓаните да не отвораат на сите. Нашите акции се секогаш најавени, а активистите на црвениот крст при секоја акција носат легитимација” вели Анета Јованоска , активист на Црвен крст.

Јованоска потврди дека сите случаи на измамени граѓани се пријавени во СВР Охрид, од каде треба да се превземат активности за фаќање на сторителите на кривичното дело.


{loadposition content}