Skip to main content

Нови ветрови во општинската ВМРО-ДПМНЕ

Копјата се кршеа помеѓу традицијата и новите партиски сили. Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, конечно доби свој челник. Атанаско Михаилов, актуелниот директор на ЗЗЗ е човекот кој во наредните години ќе се обиде да му донесе победа на ВМРО ДПМНЕ и на локално ниво.

 |  Лионела Јаковлева  | 
VMRO DPMNE
ВМРО ДПМНЕ

Atanasko MihailovКопјата се кршеа помеѓу традицијата и новите партиски сили. Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, конечно доби свој челник. Атанаско Михаилов, актуелниот директор на ЗЗЗ е човекот кој во наредните години ќе се обиде да му донесе победа на ВМРО ДПМНЕ и на локално ниво.

Сценариото за избор на претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ  што ТВМ го пласираше пред извесен период, синоќа стана реалност. Прв човек  стана личност со партиско искуство, но сериозен играч беше и личност од новите партиски сили.
Атанаско Михаилов е новиот претседател на општинската ВМРО. Вака било одлучено синоќа на Извршниот комитет на партијата. Покрај Михаилов како најсериозен кандидат  за оваа престижна партиска функција, ТВМ дознава, бил и д-р Хари Шокаровски, анестезиолог во болницата Св. Еразмо. Пресудно за изборот да падне на Михаилов било неговото поголемо партиско искуство и ангажман, велат извори од партијата.
Покрај Михаилов, кандидати за координатор на ОК на ВМРО-ДПМНЕ беа и директорот на Општа болница- Охрид, Љубен Арнаудов, Тони Симоноски, директорот на „Охридско лето“, Ѓоко Бошалески ,раководител на пазарниот инспекторат и веќе погоре споменатиот Хари Шокароски.
Иако голем број од овие кандидати сметаа дека со сигурност ќе седнат на првата општинска ВМРО-вска фотеља, уште еднаш и со овој избор се потврди, дека до самиот крај ништо не се знае и дека се можни изненадувања во последен момент.
Инаку, назначување на нов претседател на општинска организација е востановена партиската процедура која се спроведува во оние општини каде при локални избори е изгубено градоначалничкото место.

Дали назначувањето на Атанаско Михаилов значи и давање доверба од страна на централната власт на една нова гарнитура, многу поразлична од сите досегашни кои делуваа во општинскиот комитет по бурната 2004 кога настана расцепувањето на ВМРО ДПМНЕ?

Дали можеби ова ќе е вистинската формула на Груевски за успешни локални избори?

Михаилов заедно со централата допрва ќе го прави тимот со кој ќе работи. Воопшто нема да биде изненадување доколку меѓу имињата кои ќе извршуваат некоја од поважните партиски функции се најде и името на советникот Дејан Паноски, земајќи ја во обзир блискаra партиска релација помеѓу Михаилов и Паноски.
Се враќа ли Паноски повторно во игра и дали на повидок се нови ветришта во охридската ВМРО ДПМНЕ?
{loadposition content9}