Skip to main content

Даљан нема да се излее

Колку и да врне, реката Даљан нема да се излее, рече градоначалникот Александар Петрески. Тој вети дека локалната ќе ги обештети сите кои беа поплавени според записникот кој го направи комисијата, но го повика и Цветко Грозданов да си го исполни своето ветување.

 |  Татјана Маленкова  | 
poplava
поплава

poplavaКолку и да врне, реката Даљан нема да се излее, рече градоначалникот Александар Петрески. Тој вети дека локалната ќе ги обештети сите кои беа поплавени според записникот кој го направи комисијата, но го повика и Цветко Грозданов да си го исполни своето ветување.

Излевање на реката Даљан, нема да има. Со градежните зафати кои ги спроведовме после поплавите го спречивме тоа. Состојбата со водотеците во охридско, будно ја следиме. Сега државата треба да си ја заврши својата работа. Треба да даде дозвола за испуштање на езерото колку што е потребно, истакна градоначалникот Александар Петрески.
„Сега рекиве се пониски од нивото на езерото, тоа несмее така да биде“, додаде градоначалникот.

Веднаш по излевањето на реките од своите корита, општинска комисија составена од неколку членови ги посети сите кои беа поплавени, по што направи записници.

„Сигурно ние ќе постапиме по тие записници. Но чекам прво ветувањата да си ги исполни Цветко Грозданов, кога ги извика советниците од седница и вети дека ќе обезбеди средства за сите граѓани кои претрпеа штета“, рече градоначалникот.

Инаку реките Коселска и Грашница по 80 години повторно се излеа на крајот од минтата година во населбите Воска, Лескајца и Даљан. Водата покрај подрумските простории им ги поплави и приземјата, при што е передизвикана поголема материјална штета.

{loadposition content9}