Skip to main content

Од поплавите не куртули ни Орман

Над 30 хектари обработлива земјоделска површина и голем број домови се поплавени од надојдената  Коселска река. На протест,  поплавените жители на Орман  го искажаа револтот против  централната и локалната власт за сегашната ситуација.

 |  Валентина Неловска  | 
poplava
поплава

Orman poplavaНад 30 хектари обработлива земјоделска површина и голем број домови се поплавени од надојдената  Коселска река. На протест,  поплавените жители на Орман  го искажаа револтот против  централната и локалната власт за сегашната ситуација. Револтирани, тие кажуваа дека по 27 декември мината година,  синоќа повторно се бореле со надојдената речна вода. Спасот од поплавите го гледаат во чистењето на речното корито и околните канали.
Пред три години имало чистење на речното корито но тоа не било добро изведено, потенцираат од месната заедница.  Апелираат до централната власт,  овој проблем континуирано да се решава во текот на целата година и да се реагира превентивно.
Бараме ингеренциите на локално и на централно ниво апсолутно да си ја преземат одговорноста, државата да изнајде начин превентивно да реагира во текот на цела година, а не сега кога веќе ја имаме оваа ситуација.
Поплавените жители на селото Орман ги посетија преставници од локалната самоуправа. Секретарот на локланата самоуправа, Димитрија Вревезоски ги сослуша нивните проблеми и при тоа нагласи дека немаат ингеренции во регулација на речните корита и водотоци.  Но, ги информира мештаните  дека е  формирана Комисија за проценки на штетите која ќе излезе на лице место и ќе ја проследи целата ситуација, за да се намалат штетите од надојдените води, а за останатото понатака ќе треба соодветно да реагира државата преку надлежните служби,“
До локалната самоуправа има пријави за настанати штети од поплави и во останати делови од Охрид и околината. Покрај  село Ораман, под вода се и делови од Лакочереј, Воска и површините на земјоделското стопанство  Градинар.

{loadposition content}