Skip to main content

Не бараме помош, нека не остават да си ја вршиме нашата работа

Утрово, Градоначалникот на Охрид, свика прес конференција, која доаѓа како резултат на  синоќешните напади во електорнските медиуми упатени од страна на Премиерот Груевски.

 |  Крсте Голабовски  | 
Petreski
Петрески

PresУтрово, Градоначалникот на Охрид, свика прес конференција, која доаѓа како резултат на  синоќешните напади во електорнските медиуми упатени од страна на Премиерот Груевски.
„Не ја користам елементарната непогода да собирам ситни политички поени, мене поени не ми се потребни“, изјави Александар Петрески.
„Воопшто не бараме помош, бараме само да не остават да си ја вршиме нашата работа“, со овие зборови охридскиот градоначалник, Александар Петрески одоговри на синоќешните напади упатени од страна на премиерот.
Премиерот Груевски на синоќешната трибина рече дека охридскиот градоначалник прави  мизерни обиди да се искористи елементарната непогода за собирање ситни политички поени.Груевски синоќа дециден. Тој изјави дека градоначалникот Александар Петрески воопшто не побарал да дојде до нивна средба. Петрески пак со докази на денешната прес конференција го тврди сосема спротивното. Ги покажа барањата упатени до централната власт и Груевски, за да се видат и да остварат контакт.
Петрески и натаму тврди дека состојбата со езерото и надојдените води е хаотична и загрижувачка. Потсети на неговите предупредувања од пред неколку месеци за чистење на речните корита и каналите за одводнување и што може да резултира ваквата негрижа. Градоначалникот ги негира изјавите на надлежните државни органи  дека состојбата е во нормала и будно се следи. На крај истакна дека Локалната не бара помош. Отаму си ги знаат задачите, обврските и насоките и едноставно сакаат да бидат оставени на мир да ја работат својата работа, а за промена од централната да си ги организира приоритетите.
{loadposition content}