Skip to main content

Проблеми допрва ќе има

Невремето што го зафати Охрид и Струга допрва ќе го зема својот данок. Штетите ќе бидат повеќекратни и долгорочни, тврдат доброупатените.

 |  Голабовски Крсте  | 
Zarcev
Зарчев

kolektor„Допрва не очекуваат проблеми поради високиот водостој на езерото“ истакна архитектот Димитар Зарчев. Штетите ќе бидат повеќекратни и долгорочни, а опасност му се заканува и на колекторскиот систем, тврди некогашниот раководител со фирмата која го градеше. На оваа тема Зарчев ќе дискутира и на стручната трибина во организација на општина Охрид на која покрај него ќе земат учество експерти од хидробиолигијата, екологијата, ЕКО-Здруженијата и НВО. Трибината е свикана со цел отстранување на опасностите во иднина од слични појави. Во контекст на ситуацијата со обилните врнежи и водостојот на езерото, Зарчев ја искоментира и идејата за враќање на реката Сатеска во старото корито. Според него тоа би претсавувало глупост, а и не е изведливо.

Колекторскиот систем кој се протега во должина од 36 километри по брегот, преставува сериозен и скап проект, потенцира Зарчев. Тој тврди дека поради тоа во никој случај не смее да се занемари абразивното дејство на езерските бранови, појава поради која може да дојде до попуштање на тлото врз кое лежи колекторскиот цевковод. Зарчев потенцира дека моментално колекторот е полн со вода, а фекалии не се ни гледаат.

„Проаква“ троши стурја само за пумпање на вода“, додава тој. Ваквиот факт го потврдуваат и научните работници. „Појава на дефекти на колекторскиот систем кои тешко би се откриле и чије одстранување е скапо, многу веројатно дека ќе има“, вели претставникот од Хидробилошкиот завод, Професор Д-р. Здравко Крстаноски.

Струга моментално се наоѓа во понезавидна ситуација од Охрид поради составот на тлото во струшкиот регион, тврди Зарчев. Тој потенцира дека подигањето на нивото на подземните води, ќе нанесе сериозни оштетувања на темелите од градбите во градот. Според него не смее да се занемари појавата од тектонски движења кои меже да се јават како резултат на врнежите од претходниов период и зголемениот обем на вода во притоките поради топењето на снегот.

Зарчев додаде дека треба да се согледаат техничките последици и да се побара мислење од инжињери кои се занимаваат со геомеханика и геофизика, како и статичари и хидробиолози, бидејќи станува збор за навистина сериозна ситуација. Денеска на брифингот на  Координативното тело за превенција од природни непогоди беше речено дека, нивото на Охридското езеро се подигнало за уште еден сантиметар. Минимално покачување на нивото на езерото во однос на вчерашниот ден е последица на врнежите од претходните денови и зголемениот обем на вода во притоките од топењето на снегот. Од УХМР најавуваат дека временската прогноза во текот на викендот нема негативно да се одрази врз водостоите на реките и езерата.



{loadposition content9}