Skip to main content

Селските средини, мета на крадци

На подрачјето на Општините Охрид и Дебрца, последниве неколку месеци СВР Охрид регистрирал кривично дело измама.

 |  Татјана Маленкова  | 
policija
полиција

policijaНа подрачјето на Општините Охрид и Дебрца, последниве неколку месеци СВР Охрид регистрирал кривично дело измама.
„Непознати сторители лажно се претставуваат како активисти на црвениот крст, одат во домовите претежно кај повозрасни и ги наведуваат да им дадат пари“ вели Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид.
Измамникот, како што велат од СВР од својата голема црна ташна покажувал  разни документи велејќи дека Црвениот крст имал акција за делење помош во храна, облека и  разна покуќнина и дека на  списоците  морал да го запише нивното име и презиме. Засега непознатиот, објаснувал дека возило од Црвениот крст со брашно, масло за јадење, сувомеснати производи, конзерви, кебиња и друга покуќнина било на пат односно дека доаѓало и дека  за производите требало да се плати однапред по многу ниски цени. Непознатиот барал одредена сума пари која ако граѓаните ја немале во моментот, тогаш тој барал пари колку што имаат во моментот да платат. За добиените пари, тој на оштетените граѓани им издавал сметкопотврда и им кажувал да бидат дома да го чекаат возилото за да ја добијат помошта.

Од СВР велат дека за ваква измама досега во секторот се пожалиле 10 тина граѓани. Од таму додаваат дека во рамките на своите превентивни мерки ги известиле членовите на советодавните групи граѓани но паралелно превзема  и други мерки за пронаоѓање на ова лице кое го врши кривичното дело.
СВР Охрид упатува и апел до граѓаните да не наседнуваат на вакви измами.
{loadposition content9}