Skip to main content

Војската пристигна напомош во Охрид

По целото Охридско крајбрежје се поставуваат насипи со песок, за да се спречи излевање. Денеска се состана Kризниот штаб при локалната самоуправа, Aгенцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.

 |  Татјана Маленкова  | 
nasipi
насипи

nasipiПо целото Охридско крајбрежје се поставуваат насипи со песок, за да се спречи излевање. Денеска се состана Kризниот штаб при локалната самоуправа, Aгенцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.


По кејот поставени вреќи со песок. Акцијата од синоќа започна да ја спроведува Центарот за управување со кризи, а  денеска се вклучија и стотина војници од АРМ.
Охриѓани со поделени мислења околку новонастанатата ситуација. Едни задоволни од мерките кои превентивно се превземаат, а други сметаат дека нема потреба од вакви сензации.

Состојабата во Охрид и можноста од поплави ги соедини локалната и центалната власт. Денеска се одржа состанок на кризниот штаб од локалната самоуправа, предводен од раководителот на фондот за комунален развој – Емин Селман, претствници на дирекцијата за заштита и спасување и центарот за управување со кризи.

„Разговаравме како координирано да делуваме на местата каде има опсаност од поплави. Договоривме конкретни активности за целото крајбрежје, но и делот од речните корита кои се вливаат во Охридското езеро. Вчера и денеска беа одредени критичните точки, а од утре поорганизирано ќе се настапи со конкретни мерки“, истакна градончалникот Александар Петрески. На прашањето дали локалната самоуправа има доволно луѓе и механизација за делување, градоначалникот со став:
„ Сигурно дека комуналец нема доволно ни луѓе ни механизација. Сигурно ќе ги активираме сите кои ќе ни бидат на располагање, доколку добиеме механизација од центарот добро ќе биде“, истакна градоначалникот Петрески.

Денеска во посета на Охрид пристигна и министерот за одбрана Зоран Коњаноски. Тој потенцираше дека координативното тело за справување со поплави синоќа формирало пет тимови кои ќе делуваат низ целата држава. Едниот ќе го предводи, Коњаноски. Вториот тим ќе го координира министрот за земјоделие, Љупчо Димовски, третиот министерот за транспорт и врески, Миле Јнакиевки, на чело на  четвртиот директорот на дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу, а на петтиот Панде Лазаревски, директор на центарот за управување со кризи.

„Ќе бидеме на терен се додека е потребно се додека не се почувствува сигурност и кај граѓаните но и кај нас“, рече министрот за одбрана.

Коњаноски додаде дека вреќи со песок се поставуваат на места посочени во проценките дадени од  стручни лица кои работат во министерството за земјоделие, управата за управување со води и хидролози. Консултирани се и стручни лица од градежниот факултет“, истакна министерот Коњаноски.  Тој додаде дека насипи ќе се постават од Билјанини извори  до центарот, но и на Сараиште и Ј’Но.

„Најмногу ќе се сконцентрираме на проблемите во Пештани, за да го заштитиме патот од ударната сила  на брановите. Од утре натаму ќе работиме на заштита на колекторскиот систем. Се консултиравме со стручни луѓе и има начин како да го изведеме тоа“, додаде министреот Коњаноски.  
{loadposition content}