Skip to main content

Пешачката патека за едни благодет, за други мака

Физичките препреки, жардењерите, ноќеска несовесни граѓани ги отстраниле, за утрово надлежните пак да ги постават. Екипи на СВР ги бараат виновниците.

 |  Татјана Маленкова  | 
peshacka pateka
пешачка патека

peshacka patekapПатеката од мостот до хотелот Парк е пешачка патека.  Ова беше неодама договорено помеѓу локалната и СВР Охрид. Овој договор очигледно некому му смета. Синоќа физичките препреки несовесни граѓани ги отстраниле. Потрпаролот на СВР, Стефан Димовски, вели дека се е фотографирано и докумнтирано, и уште додава дека надлежните работат на откривање на сторителот на делото, за кого ќе следи и соодветна пријава.
Инаку оваа зона, по барање на СВР Охрид  беше назначена како пашачка пред околку две недели, по што мостот кај каналот се подигна и беа поставени соодветни собраќајни знаци и физички препреки. Димовски вели дека сообраќајната полиција постојано ќе следи кој врши прекршување на одредбите на законот, по што за прекршителите ќе следат и соодветни пријави.
Инаку патеката од Мостот до хотелот Парк кај Охриѓани позната како пешачка патека според деталниот урбанистички план на Охрид е сообраќајница, со две коловозни ленти и зелен појас во средишниот дел, но во неможност во моментов да се реализира планот патаката ќе функционира како пешачка. Оваа одлука години наназад како таква била изгласувана и подржувана од советниците со носењето на летниот режим на сообраќај. Но годинава на иницијатива на СВР многу побрзо се спречи движење на моторни возила по истата. 

{loadposition content9}