Skip to main content

Работно на денот на здравството

300 членови од здружението на лекари на 10-ти април ќе ја прослават белата вечер. Денес охридските медицинари, меѓународниот ден на здравството го одбележаа работно.

 |  Билјана Николовска  | 
doktorki
докторки
operacija300 членови од здружението на лекари на 10-ти април ќе ја прослават белата вечер. Денес охридските медицинари, меѓународниот ден на здравството го одбележаа работно.

Белата вечер закажана за 10 април. Докторите од охридскиот регион наместо денес да го одбележат Светскиот ден на здравството, ќе слават по три дена. Претседателот на здружението на лекарите Прим. Д-р Илија Прангоски вели дека така одлучиле бидејќи ангажираноста на медицинскиот персонал за време на викендите е помала. Тој додава дека на 10-ти април во хотелот Белви ќе се одржи годишното собрание или познатата „Бела вечер“, на која ќе земат учество околу 300 доктори.
Докторите по примарна медицина или матичните доктори, сеуште не знаат што се е предвидено за одбележувањето на денот на здравството. Од таму кажаа дека Здружението на лекари можеби заборавило на нив и додадоа дека примарната медицина работно го одбележува денот на здравствените работници. Прангоски рече дека не станува збор за занемарување на некоја група доктори. Додаде, дека најкасно до денес мора сите да ги добијат поканите за белата вечер, без разлика на која институција припаѓаат.
Работниците во здравството денес, на одбележувањето на светскиот ден сакаат да покажат со што се истакнале во текот на годината, вели директорот на Регионалниот центар за јавно здравство, Атанаско Михаилов. Додава дека нивната работа пред се е професионална и хумана.
Годинава на свеченото одбележување ќе бидат доделени околу 9 признанија и награди за истакнати доктори и медицински тимови, не само од здружението на лекари туку и од македонското лекарско друштво.
{loadposition content9}