Skip to main content

Локалната има идеа за Грашница

Градоначалникот најавува дека локалната прави напори да заживее некогаш најатрактивниот дел на Охрид – Грашница. За остварување на целта, Петрески најавува пренасочување на речното корито на Грашница, како и заеднички активности со Mинистерството за транспорт и врски во кои спаѓа изградба на кеј, како и пешачка патека према Канео и Плаошник.

 |  Татјана Маленкова  | 
Grashnica
грашница

grashnicaГрадоначалникот најавува дека локалната прави напори да заживее некогаш најатрактивниот дел на Охрид – Грашница. За остварување на целта, Петрески најавува пренасочување на речното корито на Грашница, како и заеднички активности со Mинистерството за транспорт и врски во кои спаѓа изградба на кеј, како и пешачка патека према Канео и Плаошник.

Некогаш најатрактивниот дел на Охрид ќе заживува. Градоначалникот Александар Петрески вели дека локалната веќе има идеа но и изготвен проект за враќање на сјајот на месноста Грашница, место каде последниве дваесеттина години плажниот туризам потполно беше замрен.
„Ќе се уредуваат камповите Партизан И Младост“. Ние имаме направено проект Грашница да не се влива директно во Охридското езеро, туку реката да ја насочиме во Даљан. Тука да се прочистат водите и така прочистени да се вливаат во езерото“, вели градоначалникот.
Петрески најавува дека веќе е во преговори со Mинстерството за транспорт и врски за заеднички проект изградба на кеј, како и изградба на објекти за спортови на вода и марина на државно место. Во Грашница планирано е и да се изградат пешачки патеки кои ќе ја поврзуваат месноста со Канео и Плаошник, како и поврзување на Плаошник и Канео со Лабино и Грашница.  „Сметам дека откако ќе ја тргнеме Грашница овој дел повторно ќе заживее како некогаш. Доколку имаме подршка од министрвото, реката уште уште годинава ќе ја пренасочиме“- вели градоначалникот Петрески.
{loadposition content9}