Skip to main content

Chinatown во Македонија

Претставници на кинеските туристички агенции и медиуми денес во посета на Охрид.  Тие ќе остварат и работна средба со сопствениците на локалните хотели и туристички агенции.

 |  Крсте Голабовски  | 
kineska turistka
кинеска туристка
kineski turistiПретставници на кинеските туристички агенции и медиуми денес во посета на Охрид.

Тие ќе остварат и работна средба со сопствениците на локалните хотели и туристички агенции. Оваа посета е организирана од Агенцијата за промоција и развој на туризмот со цел да им помогне на туристичките работници од Охрид, да ја надминат неповолната состојба во која се наоѓа охридското туристичко стопанство.  

Кинезите заинтересирани за Охрид. Петнаесет претставници на кинески туроператори и претставници на шест медиумски куќи, имаа можност да се запознаат со културното наследство и убавините на Охрид. Станува збор за заедничка ФАМ тура меѓу Македонија и Турција. Фасцинирани од убавините на Македонија и нејзиното културно наследство, истакнаа дека веднаш ќе го презентираат она што го виделе тука со цел да го запознаат кинескиот туристички пазар со можностите кои Македонија ги нуди.

„Кога ќе се вратиме ќе пишуваме стории во различни медиуми, списанија. Истотака имаме и претставници на туристичките агенции кои ќе разговараат за македонија.“, потенцира Кристофер Милвард, претставникот од Фајербранд консалтинг.

Милвард потенцира дека интерестот е мал, но станува збор за растечки интерес и тоа посебно кај туристите од постарите возрасни категории. Ова се должи на фактот што овој регион за кинеските туристи сеуште е непознаница, додава тој. За таа цел денес посетителите од Кина ќе остварат бизнис средба со претставниците од локалните хотели и туристички агенции. А македонските туристички работници, оптимисти кога станува збор за посетата на кинеските туристи. Се надеваат дека станува збор за претставници на сериозни туроператори и од наредната година може да очекуваме први посериозни групи на туристи од Кина.

Претставникот  на кинеските туроператори, Хаи Јуан Лиу информира дека врската помеѓу Македонија и Кина е веќе воспоставена, така што Кинезите ќе дојдат во Македонија и Охрид.

„Идејата е да се продава македонскиот туристички производ заедно со Турција или Грција од овој регион, но за цените е премногу рано да се зборува“, потенцира Лиу.

Агенцијата за промоција на туризмот продолжува со реализација на веќе изготвената програма за презентирање на Република Македонија, пред странските туристички оператори. После посетата на кинеските туроператори и претставниците од нивните медиуми, следува и посетата на туроператори од Русија, Србија, Словенија и Турција.
{loadposition content9}