Skip to main content

Tринаесетти по ред Македонски студентски игри

На нив учество ќе земат 650 студенти од сите државни и приватни универзитети во земјава како и екипи од универзитетите од државите во регионот и претставници на Европската студентска унија.

 |  Крсте Голабовски  | 
studentski igri
студентски игри
IvanovНа нив учество ќе земат 650 студенти од сите државни и приватни универзитети во земјава како и екипи од универзитетите од државите во регионот и претставници на Европската студентска унија.

Игрите ги отвори претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Македонските студенти и нивните колеги од земјите од опкружувањето, од денес па до 16 –ти овој месец, ќе се натпреваруваат во неколку спортски дисциплини. Студентските спортски игри, „МСИ 2010“  за отворени ги прогласи македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој истакна дека

„овие игри стануваат регионални средби на кои младите луѓе после периодот на шенгенската бариера можат да се дружат, комуницираат и да видат колку имаат исти, слични проблеми“.

Тој ја истакна и улогата на политичарите при рушењето на бариерите од било кој вид. Додаде дека „ние како политичари сме одговорни да им создадеме претстава за отворен простор.

studentski igriНа овој регионален спортски настан, кој се одржува по 13-ти пат,  се натпреваруваат 650 студенти во одбојка, мал фудбал, кошарка, ракомет, шах и пинг-понг. Претседателот на Студентскиот парламент на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ Иван Живковски истакна дека станува збор за најголемо студентско спортско случување кај нас, чија основна цел е размената на искуства и афирмација на спортот меѓу студентите.
На игрите покрај студенти од сите државни и приватни универзитети во земјава учество ќе земат и екипи од универзитети од државите во регионот, како и претставници на Европската студентска унија. И сутдентите од соседните земји го делат истото мислење за самата идеја за организацијата  на настани од ваков вид. Доказ за успешноста на ваквите настани е и потпишувањето на меморандумите меѓу нашите студентски унии и студентските унии на соседните земји. Веќе течат активности во врска неколку следни заеднички проекти на студентските унии во регионов, со кои дополнително ќе се афирмира нашава земја.
{loadposition content9}