Skip to main content

Самокритика на ВМРО – ДПМНЕ

Големо ништо и безидејност на мнозинството. Ваков е ставот на ВМРО – ДПМНЕ како карактеристика за работата на Советот на општина Охрид во првата година од својата работа.

 |  Билјана Николовска  | 
Panoski
Паноски
press VMRO DPMNEРезиме на ОК на ВМРО – ДПМНЕ после една година работа на советот на општина Охрид. Ниското ниво на комуникација во најтешките моменти на градот, е само дополнување на негативностите кои ќе се паметат, обвинува Паноски. Функционирањето на непринципиелната коалиција меѓу СДСМ и интересите на народната партија, доведе до неквалитетен исход во првата година работа на Советот, обвина советникот на ВМРО – ДПМНЕ Дејан Паноски на денешната пресс конференција.
Советничката група на ВМРО – ДПМНЕ како опозиција, реално гледано не успеа во првата година да го даде опозицискиот максимум како што било зацртано, вели Паноски. Тој додава дека и покрај тоа, неговата советничка група нема да престане со бројните критики упатени кон лошата политика на Локалната самоуправа.
Паноски на крајот порача дека Локалната власт време е да инвестира во позитивната енергија на луѓето а не во ширење дефетизам и застрамување на сопствениот град. Да инвестира во настани за враќање на дигнитетот на Охрид.
{loadposition content9}