Skip to main content

Поплавените изгубени во бирократскиот лавиринт

Извештајот на Комисијата за обештетување на поплавените граѓани сеуште не е готов. И по два изминати месеци од поплавите што ги зафатија делови од Охрид и  од околните населени места, Комисијата не ја обелоденува сумата за обештеување, а граѓаните чекајќи финансиска помош загубија надеж дека ќе ја добијат.

 |  Валентина Неловска  | 
Opshtina Ohrid
Општина Охрид
opshtinaИзвештајот на Комисијата за обештетување на поплавените граѓани сеуште не е готов. И по два изминати месеци од поплавите што ги зафатија делови од Охрид и  од околните населени места, Комисијата не ја обелоденува сумата за обештеување, а граѓаните чекајќи финансиска помош загубија надеж дека ќе ја добијат.
На лажните ветувања од локалната самоуправа им нема крај. И покрај многубројните ветувања дека конечно ќе излезат со сумата со која треба да се  обештетат поплавните граѓани и овој пат не го одржаа својот збор.    
Раководителот на  Фондот за комунален развој, Емин Селман, тврдеше дека проценката на штетите  е направена и дека треба да се изготви само уште Извештајот. Јалови останаа ветувањата на Селман  дека следниот понеделник ќе ни биде достапен на увид изготвениот извештај за обештетување. И, по изминати неколку понеделници, денес се одважи со соопштение дека надлежните од Локалната самоуправа одлучиле, Извештајот на јавноста да и биде достапен на следната седница на општинскиот совет. Да потсетиме дека вакво ветување имаше и за изминатата седница на 15-ти март. Но, и тогаш се избегна конкртен одговор за проценетата сума на штета.
Од ваквиот крајно несериозен и непрофесионален однос кон медиумите, може само да се претпостави како поминуваат граѓаните кои чекаат нивна помош. Само би ги потсетиле надлежните да не заборават дека се платени од народни  пари и дека постојат за граѓаните. На финансиската помош чекаат 160 семејства  сериозно погодени од поплавите, за кои понатаму Владата ќе одлучува по Извештајот изготвен од Локалната самоуправа.

{loadposition content9}