Skip to main content

Пуштен во употреба одделот Б при детското оддление во ЈЗУ Oпшта болница Охрид

Пуштен во употреба одделот Б во Детското одделение, при општа болница – Охрид. Проектот комплетно го реализираше Ротари клубот од Охрид.

 |  Татјана Маленкова  | 
rotari klub donacija
ротари клуб донација
oddel BОтворен новиот дел на одделението за педијатрија при ЈЗУ Општа болница – Охрид. Одделот Б како што го нарекоа целосно е наменет за создавање подобри сместувачки и здрваствени услови во лекувањето на најмладите пацинти.
„Идејата за проширување на одделението со искористување на слободен простор во делот т. н тераса со површина од 220 метри квадратни, се роди пред две и пол години од страна на стручнот тим на Р.Е Педијатрија. Нашата желба брзо беше прифатена од раководниот тим на општата болница, а за нејзина комплетна реализација се погрижи Ротари клубот од Охрид“, вели началникот на детското одделение, Добрила Зимоска.

„ Ние изградивме дел од ова одделение, ние изградивме дел од нашата иднина, за нас самите, за нашите сограѓани, за сите наши деца“, вели претседателот на Ротари клубот од Охрид Зоран Вељаноски.

Претседтелот на Ротари клубот истакна дека Ротаријанците нема да застанат тука. Вели дека веќе се работи на проектот за прибирање на медицинска техничка опрема за делот кој денеска беше пуштен во употреба, но исто така се работи и на проекти кои чинат повеќе стотини илјади евра, додава тој. Овие проекти ги работиме со моќни клубови од моќни држави како Америка, Франција, Индија. Се работи за нешто што итно треба да се донесe во Охрид. Со Ротари клубот од Битола веќе сме во преговори да набавиме два инкубатори за транспорт на деца за итни случаи.  Според плановите едниот од нив потојано ќе биде во Охрид вграден во некое медицинско возило, вели Велјаноски.
Инаку на денешната свеченост началникот на детското оддление врачи и неколку благодарници. Првата ја доби Ротари клубот, потоа дипломираниот архитект Горан Патчев, кој го изработи проектот во целост, па г-дин Ставре Јанески,  дипломиран инжињер кој го изработи проектот за инсталација во објектот, г- дин Хусеин Ќато, дипломиран инжињер кој бесплатно го изработи проекот за водоводната и канализациона инсталација и бордот на директори на ЕМО за нивната помош во довршувањето на топлогрејната инсталација.   

{loadposition content9}