Skip to main content

„City light“ мапите собираат прашина во Скопје

14 светлечки мапи наменети за градот Охрид, кои требаше да бидат поставени на 7 локации, таканаречени ’сити лајт’ мапи, заглавија во Скопје.

 |  Валентина Неловска  | 
city lights
сити лајт

turisti14 светлечки мапи наменети за градот Охрид, кои требаше да бидат поставени на 7 локации, таканаречени ’сити лајт’ мапи, заглавија во Скопје. Преставниците од Локалната не ги презедоа мапите ни по еден месец од доделувањето од страна на  Министерството за економија. Ресорното министерство го реализира овој проект со цел да им помогне на локалните власти во промоција и развојот на туризмот. Мапите содржат план на потесното градско јадро со поважни културно историски  објекти.

На доделувањето на мапите што се одржа на 19-ти минатиот  месец,  охридскиот градоначалник не присуствувал на поканата од министерството да ги преземе мапите заради работни обврски. Од  локалната самоуправа, пак, досега не нашле време да ги подигнат информативните табли, укажуваат од министерството.

Одговор зошто сеуште таблите не се во градов, побаравме и од локалната самоуправа и од раководителoт на ТЛЕР, Гоце Симоноски. Тој,  зачудено праша како тоа од министерството се јавуваат во ТВМ за  светлечките табли, а кај него нема стигнато никаква информација поврзана со нив, при тоа заборавајќи дека живееме во информатичко општетсво и дека информациите не биле никогаш подостапни од сега.

Градочалникот пак, со објаснување дека никој не му брани на министерството да ги постави мапите во Охрид, иако смета дека има веќе неискористени, постоечки  табли кои може да се искористат за таа намена. При тоа не објасни како министерството да ги постави таблите без доделена локација и без потребната документација, кои треба да ги издаде Локалната самоуправа.

И додека локалната самоуправа и централната власт најдат начин како ефикасно да воспостават соработка и да ги надминат меѓусебните различни  интереси, туристичките работници и понатаму ќе укажуваат дека е срамно што градот нема патоказни табли.

Инаку Министерот за економија, Фатмир Бесими вакви мапи им подели на градоначалниците на Скопје, Тетово, Струга, Битола, Ресен, Штип, Гевгелија и Дојран..Истите се со димензии – должина метар и пол и ширина 1 метар и содржат податоци за поважните објекти  во централните градски подрачја.

{loadposition content9}