Skip to main content

Остваруваме она што ветуваме

Владата  она што го ветува го остварува, е реченицата со која се отоври денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

 |  Крсте Голабовски  | 
vmro pres
вмро прес
stanoviВладата  она што го ветува го остварува, е реченицата со која се отоври денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

Станува збор за реализација на два проекти од програмата „Преродба во 100 чекори“ и тоа отварање на конкурсот за доделување на социјалните станови за социјално загрозените семејства како и изградбата на три локални патишта во Охрид.

„Оваа влада ги оставрува сите проекти кои ги најавува“ беа зборовите со кои претседателот на О.К на ВМРО-ДПМНЕ Атанаско Михаилов ја отвори денешната прес конференција. Како прв проект чија реализација наскоро е на повидок Михаилов го истакна отварањето на конкурсот за доделување на станови за социјално загрозените семејства. Михаилов истакна дека станува збор за 71 стан со од 35-40 м2, чијашто зтанарина ќе изнесува 28 денари за метар квадратен или 800-1000 ден.

За овие станови ќе може да конкурираат лицата кои се погодени од елементарни непогоди, лицата кои се самохрани родители со малолетни деца, деца без родители кои ги коирстеле услугите на домовите за згрижување, лицата од ромската заедница зафатени со проектот „Стратегија за ромите на РМ“ и лица корисници на постојана парична помош. Подетални информации во врска условите и апликацијата зантересираните ќе може да добијат во Центарот за социјални работи во Охрид. Втор владин проект чијашто делумна релаизација се очекува за 25-30 дена е проектот за изградба на три патни правци во регионот на град Охрид. Михаилов потенцира дека иако станува збор за патишта кои припаѓаат на територијата на Локалната самоуправа, ова е проект на владата, финансиран со средства од буџетот.
Станува збор за локалните патни правец Жито Леб – Село Велгошти, потоа Лескоец – Скребатно и Радојца Новичиќ –Долно Лакочереј, Горно Лакочереј. Работите на првите два патни правци се очекува да започнат за еден месец, додека за последниот, за неколку месеци.  

{loadposition content9}