Skip to main content

Охридските матуранти, лингвистичко разочарување

Добиени резултатите од првиот тест за професионално насочување на матурантие, „Матрица на очекувана кариерна успешност.“

 |  Крсте Голабовски  | 
ucenici
ученици
srednoshkolciДобиени резултатите од првиот тест за професионално насочување на матурантие, „Матрица на очекувана кариерна успешност.“

Лигвистичката интелегенција кај матурантите од Охрид и Струга на разочарувачко ниво.

Матурантите сега можат полесно да се одлучат за тоа која професија најмногу им одговара. Високата школа за новинарство и односи со јавноста и Бизнис академијата Смилевски, во сорабтока со Министерството за образование и наука на РМ го реализираа Проектот за професионално насочување на матурантите, „М.О.К.У – Матрица за очекувана кариерна успешност“. Маргарита Столеска од академијата Смилески истакна дека, целта на овој проект е да им се помогне на матурантите кои не одлучиле или размислуваат или се во дилема за тоа на кој факултет треба да се запишат, да го направат вистинскиот избор. Столеска додава дека изборот на високото образование го детерминира и изборот на идната професија.

Во рамките на проектот во изминативе два месеци доброволно беа тестирани 370 матуранти од средните училишта во Охрид и Струга, за тоа кои се нивните афинитети. По тестирањето секој од нив доби матрица со професиите кои се најсоодветни според нивниот тип на личнсот. Резултатие говорат дека најголем број од тестираните матуранти поседуваат интерперсонални, логичко-математички и просторни вештини, кои доколку правилно се развиваат во понатамошното образование и кариера ќе им овозможат успех во менаџерските, административните техничките и производствените професии.Единствено поразителни се резултатите покажани кај лингвистичките вештини.

Тестирањата покажаа дека 66% од тестираните матуранти имаат желба за менаџерски и административни позиции, технички у производствени професии, трговија и продажба.Проефсиите кои одговараат на типот на личноста на мнозинството, тестирани матуранти се: менаџерски професии во мали бизниси, владини служби, полиција, банкарство, трговија, продажба, градежништво и образование за технички и економски предмети. Податоците се добиени од анализа на резултатите од тестриањата спроведени во: ОСУ„Св. Климент Охридски“, ОЕУЦ „Св. наум Охридски“ – Охрид, СОУ „Нико Нестор“ и СОУГ „Д-р Ибрахим Темо“ од Струга.
{loadposition content9}