Skip to main content

Масна дамка на површината на Охридското Езеро

Камерата на ТВМ, вчера попладне,  забележа мрсна дамка на површината на Охридското Езеро покрај кејот во центарот на Охрид.

 |   | 
езеро
ezero

Камерата на ТВМ, вчера попладне,  забележа мрсна дамка на површината на Охридското Езеро покрај кејот во центарот на Охрид

materija od kolektor

Потеклото не е познато, но се претпоставува дека се работи за материјал од нафтени деривати истурен во канализациската мрежа.

Денес на местото се излезени претставници на Државниот инспекторат за животна средина, локален комунален иснпекторат и од меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“, кое стопанисува со Колекторскиот систем за заштита на езерото.

Според државниот инспектор за животна средина Фирус Мемет, причината за излевањето е непозната, но се претпоставува дека е од миење цистерни со нафтени деривати кои се користеле во грејната сезона.

damka

„Флеката е на должина од околу 60 метри покрај брегот, а со ширина од три до четири метри кон внатрешноста на езерото“ изјави Мемет и најави кривична пријава против непознат сторител.

Надлежните институции работат на утврдување на потеклото на загадувачот и за начинот на кој дошло до излевање во водата.
{loadposition content9}