Skip to main content

Охрид доби атлетска патека вредна 500.000 евра

Охрид може да се пофали со најмодерната атлетска патека и тоа не само во Македонија туку и пошироко.

 |  Крсте Голабовски  | 
pateka
патека
atletska patekaОхрид може да се пофали со најмодерната атлетска патека и тоа не само во Македонија туку и пошироко.

Патеката ќе ја оправда својата  намена наскоро, со одржувањето на атлетскиот митинг на 19-ти мај. Промотор на митингот ќе биде поранешниот светски рекордер во скок со стап и еден од најдобрите атлетичари на светот на сите времиња, Сергеј Бупка.

Станува збор за најмодерната атлетска патека, не само во нашата земја туку и пошироко. Патека направена по највисоки стандарди, за чијешто поставување се одговорни повеќе институции, вели претставникот на ИО на Атлетската федерација на Македонија, Иван Цветкоски. Со завршување на  нејзиното обележување, финализиран е прокетот во организација на АФМ, МОК, ИААФ како и со подршка на Агенцијата за спорт и млади. Во нејзината изградба запазени се сите стандарди на Светската атлетска федерација со осум патеки по што Македонија, ќе може да биде домаќин на бројни меѓународни натпревари.

Што се однесува до Атлетскиот Митинг, Цветкоски вели дека станува збор голем спортски настан. Најавено е учество на околу 100 атлетичари од земјите од опкружувањето. Од ушесниците се шпекулира со имиња на 5-6 атлетичари, кои на минатогодишното Светско првенство во атлетика во сала, кое се одржа во Доха освоија медали. Како промотор на митингот се најавува поранешниот светски рекордер во скок со стап и еден од најдобрите атлетичари на светот на сите времиња, Сергеј Бупка.


Цветкоски се надева дека во годините што доаѓаат, не само преку организирање на вакви настани туку и преку организација на разни семинари и тренинг кампови, ќе знаеме се она што светот ни дал да го мултиплицираме и соодветно да го искористиме. До посетата на Бубка и одржувањето на меѓународниот атлетски митинг остана да се уреди внатрешноста на стадионот и да се направат сегментите за ѓуле и диск, додава Цветоски.
{loadposition content9}