Skip to main content

Охридската касарна ќе прерасне во образовен центар

Охридската касарна ќе прерасне во образовен центар. Дознаваме дека за еден месец, таму треба да се дислоцираат универзитетите, но и да се изгради кампус за студенти. Градоначалникот Петрески вели дека покрај студентите, на овој простор ќе бидат сместени и Секторот за Внатрешни Работи и Противпожарната станица.

 |  Татјана Маленкова  | 
kasarna
касарна
kasarnaОхридската касарна ќе прерасне во образовен центар. Дознаваме дека за еден месец, таму треба да се дислоцираат универзитетите, но и да се изгради кампус за студенти. Градоначалникот Петрески вели дека покрај студентите, на овој простор ќе бидат сместени и Секторот за Внатрешни Работи и Противпожарната станица.

По одлуката на владата касарните во градовите да преминат во сопственост на општините, ќе се трансформира и Охридската касарна. Градоначалникот Александар Петрески вели дека планот на локалната самоуправа е таа да прерасне во образовен центар, каде ќе бидат сместени сите универзитети, како и кампус за студенти, со што Охрид, по многу години, повторно ќе си го поврати епитетот „Универзитетски град“.

„ Таа идеја ја прифатија и од министерството за одбрана но и од министрството за образование. дадовме и измена на урбанистичкиот план кој веќе е завршен.
Причината за тоа е дека имаме добра инфраструктура и треба само малку инвестиции  и реновирање“, вели градоначалникот Александар Петрески.

Градоначалникот додава дека во планот на локалната биле зацртани и спортски сали, базени и други игралишта, поточно се што би им било од полза на студентите.
Покрај охридските универзитети, Петрески уште додава дека локалната планира на просторот од касарната да ги дислоцира и СВР, како и против пожарната станица, а охридскиот затвор, кој е под министерството за правда ќе се сели во месноста Чекоштина. „За идејата да ја реализираме во целост прво треба да се ослободи касарната. Знам дека во моментов од таму веќе се празнат канцелариите на вработените на министерството за одбрана, а во дел од нив, веќе се вселени вработени од  граничната полиција“, вели градоначалникот.

Градоначалникот ги откри и плановите на локалната за објектите кои откако ќе се дислоцираат во касарната ќе се ослободат. Домот на АРМ, кој до скоро се подготвуваше за универзитетот за информатички технологии, според плановите на локалната ќе прерасне во дом на култура, каде ќе биде сместен Охридскиот театар.  На местото од полицијата и пожарната, ќе се гради станбен комплекс, а идеја на локалната е на местото од фТУ да се изгради хотел, со кој би стопанисувал самиот универзитет. На тој начин универзитетот би имал сопствен прилив на средства, а и место каде студентите би одржувале пракса, вели градоначалникот.
Стапивме во контакт и со портпаролот на министерството за одбрана.  Тој вели дека во моментов се реконструира касарната во Кичево, место каде за скоро време ќе се префрлат војниците кои се сместени во Охрид. Портпарлот уште потврди дека веќе има договор со министерството за образование голем дел од објектите во касарната да им припаднат на нив, со цел истите да бидат искористени за универзитетски просторни потреби.
{loadposition content9}