Skip to main content

Прославен патронатот на ОУ „Христо Узунов“

Со свечена приредба основното училиште „Христо Узунов“ го прослави по 33 –ти пат патрониот празник.

 |  Валентина Неловска  | 
Olivija Piruzeva Janeva
Оливија Пирузева Јанева
decaСо свечена приредба основното училиште „Христо Узунов“ го прослави по 33 –ти пат патрониот празник.
Пред присутните гости од Словенија и Србија, родители, вработени и ученици  обраќање имаше директорката на училиштето Оливија Пирузева Јанева. Таа се осврна на развојот, успехот и проектите кои ги реализира училиштето во изминатата година. Поминаа многу генерации ученици и професори кои оставија свој белег во неговата историја. Приоритет на училиштето е да се понуди што  поквалитетно образование како сервис на учениците и партнер  на родителите истакнаа Јанева, а при тоа искажа и благодарност кон локалната самоуправа.
На училишната свеченост беа обајевни 22 –та првенци на генерацијата, од кои како најдобри беа истакнати Ангел Латкоски, Маријана Котеска и Симона Трајческа.  
На учениците  учесници  на  ликовно-литературниот конкурс на тема „Силата  на македонскиот збор“ им беа  доделени  награди.
Свеченоста беше збогатена со настап на училишниот хор и поетско -музички рецитал. Македонскиот  преставник на Евровизија,  Ѓоко Танески, исполнувајќи ја песната „Јас ја имам силата“,  ја збогати училишната свеченост.
{loadposition content9}