Skip to main content

АЛАРМ повторно стартува

Од 25ти до 27ми јуни, на плажите на Љубаништа ќе се одржи единствениот опен ер музички фестивал во Македонија – „Аларм за природата“, објавија организаторите на  фестивалот.

 |  Маја Савиќ  | 
alarm
аларм


alarm festivalОд 25ти до 27ми јуни, на плажите на Љубаништа ќе се одржи единствениот опен ер музички фестивал во Македонија – „Аларм за природата“, објавија организаторите на  фестивалот.

Најавени се 3 сцени (main, dance, alternative) со 24/7 музичка програма, преку 100 артисти и ДиЏеи, кино, театар, фудбал, ликовни колонии, изложби, предавања и посебен однос кон природата и нејзиното зачувување.

Според организаторите, Аларм за природата ќе се обиде да пробуричка во совеста на младите, кои сакале или не, ќе ги наследат реките, езерата, шумите и сите чуда што природата ни ги подарила. По тој повод, во Љубаништа ќе бидат собрани преку 70 невладини организации од Југоисточна Европа, со надеж за подигнување на свеста на младите за општата ситуација на Планетата Земја.

save the nature



Цената на првите 5.000 билети ќе изнесува 1.000 денари. Со билетот се добива: влезница за фестивалот за сите три дена, автобуски превоз во два правци до Љубаништа од било кој град во Македонија и камп место за 5 дена.


По осум години пауза, „Аларм за природата“ ќе биде второ издание на АЛАРМ фестивалот. Првото издание, АЛАРМ 1, се одржа во авто кампот Љубаништа- Охрид, во 2002 година, со времетраење од 12ти до 14ти јули. Вклучуваше три стејџа, 45 бендови и 35 диџеи од Германија, Данска, Унгарија, Југославија, Хрватска, Бразил, Јамајка, В.Британија, Бугарија, Белгија, Словенија, Грција, Албанија, Косово и др, потоа театарски претстави, активности на невладини организации, работилници, сликари, студија за тетовирање, отворено кино, спортски турнири и др. Имаше 30.000 посетители не само од Македонија, туку и од тогашна Србија, Хрватска, Бугарија, Босна, Грција, Косово и други.

{loadposition content9}